Засекогаш изгубено спасение?

Надвор од Искупување?

Испитани духовни стравови и грижи

Bible worry

Македонски

By Grantley Morris

Оваа страница во English, германски (deutsch/German)


Дали постојано се плашите дека сте го изгубиле своето спасение или сте загрижени дека сте надвор од простувањето? Или сте христијанин што страда од несакани мисли толку грди што се прашувате дали сте демонски опседнати? Ова се симптоми на опсесивно компулсивно нарушување (OКН).

Иако повеќето луѓе слушнале за опсесивно компулсивно нарушување, малкумина го препознаваат кога се претвора во духовна состојба. Затоа, ќе погледнеме накратко во ОКН, а потоа да видиме како тоа предизвикува христијаните да се мачат со лажни чувства на вина и грижи или да страдаат духовно од одбивните мисли што ги ужаснуваат. Потоа ќе испитаме дали овие согледувања и современи третмани можат да бидат од практична духовна помош за христијаните.

Опсесивно компулсивното нарушување е анксиозно растројство. Некои експерти одат подлабоко во причината за анксиозноста и го нарекуваат биохемиско или невролошко (нервно) нарушување. Ова нагласува дека вознемиреноста не е вина на луѓето, незнаење или недостаток на вера. Сепак,точно е да се нарече анксиозно растројство, бидејќи се манифестира како вознемиреност, што, пак, предизвикува повторени, несакани мисли или сомнежи (опсесии). За многу, но не и што страдаат од ОКН, овие опсесии доведуваат до одредени повторувачки однесувања (принудувања), како што се прекумерно чистење, проверка, броење или барање уверување. Невообичаена форма на ОКН која е помалку објавена е нормалниот хетеросексуалец да се соочува со страв дека тој или таа е хомосексуалец. Друга се однесува на нормална,со благ карактер личост да биде погодена од страв дека би можела да ги повреди најсаканите.

Светската здравствена организација на Обединетите нации го рангира опсесивното компулсивно нарушување високо меѓу најнеобезбедените од сите болести, во однос на монетарната и личната цена. Милиони луѓе го живеат својот живот со некоја форма на ОКН. Тоа е толку вообичаено низ целиот свет дека ако во вашата црква има само стотина луѓе, две или три од нив веројатно имаат, ОКН иако има големи шанси личноста да чувствува срам од тоа, што се обидува да го чува во тајност, а друга и да не знае дека го има (Повеќе за овие бројки).

Опсесивно компулсивното нарушување е медицинска состојба. Наједноставно кажано, ОКН се чини дека е последица на механизмот во мозокот наменет да го предупреди лицето на опасност, правејќи го тоа прекумерно. Научниците сметаат дека идентификувале мал дел од мозокот кој не функционира совршено кај луѓето со ОКН. Клучна улога на овој дел од мозокот е да се филтрираат несоодветните мисли и чувства. Освен ако овој филтер не функционира нормално, друг дел од мозокот станува преоптоварен. Скеновите покажуваат невообичаени модели на активност во мозокот кај лицата кои страдаат од ОКН. Во неколку случаи, се чини дека повредите на главата предизвикале ОКН.

Скрупулозноста е форма на опсесивно компулсивно нарушување кое ги мачи луѓето кои се загрижени да му угодат на Бог. За нив, несаканите, мисли или слики го прикажуваат Бога или ѓаволот, а принудувањата укажуваат на потребата постојано да бараат уверување за спасение или постојано да се занимаваат со некоја религиозна вежба - како што се молитва или сведочење или да се исповеда грев – нешто што останатите христијани сметаат дека е непотребно.

Зборот скрупулозност алудира на маките на премногу чувствителна совест. Често вклучува погрешно мислење дека невини или неизбежни работи се грев и така се чувствуваат непотребно виновни. (Всушност, е обратно: вознемиреноста изгледа како грижа на совест, така што присуството на вишок анксиозност предизвикува нејзините жртви да се чувствуваат непотребно виновни за мали или безопасни работи.) Луѓето погодени од оваа состојба често се чувствуваат принудени да прават што им се чини дека е минимално христијански потребно за да добијат одобрување од Бога, но тоа всушност е напуштање на благодатта и упатување кон духовно гинење во една несреќна, исцрпувачка програма на религиозни дела. Како што споменавме, кога скрупулозноста се претвора во опсесивни мисли, може да генерира вознемирувачки, неконтролирани богохулни мисли или слики за Бога, Исус или Светиот Дух или воздигање на ѓаволот. Подоцна ќе видиме како луѓето со невообичаено чувствителна совест завршуваат прогонувани од нештата кои ги мразат. Исто така, ќе видиме како, нашиот Бог полн љубов, не го наоѓа никого одговорен затоа што бил силуван против неговата волја, така што тој не го обвинува никого што не е одговорен за инвазивни мисли или слики што не ги сака.

Исто како што некои луѓе со опсесивно компулсивно растројство се чувствуваат принудени да проверуваат брави или да ги мијат рацете, другите се чувствуваат принудени да се опседнуваат со богохулни мисли кои ги мразат или ги тераат да се сомневаат во нивното спасение. Всушност, скрупулозноста е наречена "патолошко сомневање". Страдалниците од ОКН прават нешто едноставно - во зависност од личноста може да ја заклучуваат вратата, да ја исклучуваат печката или да го добиваат Божјото простување - а потоа нивната болест предизвикува да се грижат ненормално дали тоа го направиле правилно. Тие се чувствуваат принудени да продолжат да бараат сигурност далеку од она што е рационално.

Скрупулозноста може да ги исполни луѓето со таква лажна вина што многумина веројатно нема да го признаат тоа, додека други немаат идеја дека имаат нездраво чувство на вина па така си претпоставуваат дека со нив се е во ред. Како резултат на тоа, скрупулозата останува скриена болест која истражувачите не можат да утврдат колку е честа појава. Едно истражување за католичките средношколци открило дека неверојатни 25℅ од нив страдале од скрупулозност. Веројатно имало нешто во нивното религиозна учење што придонело за овие изненадувачки бројки.

Познати христијани, за кои честопати се мислело дека страдаат од скрупулозност, се Мартин Лутер, кој ја водеше Протестантската реформација и Јован Буњан, автор на една од највлијателните од сите христијански книги, Пилгримовиот напредок. Ако е така, тој нагласува како христијаните не само што можат да преживеат, туку и духовно да напредуваат и покрај оваа болка. Семоќниот може да го сврти овој ужас поинаку, дури и да донесе непроценливо добро од најтешката болест. Меѓутоа, ова секако не значи, дека Бог на љубовта кој отишол до крајност на крстот, сакал некој да страда од маки на верувањето дека не им е простено - да не зборуваме за фактот дека таквото уверување го навредува нашиот Спасител.

Добро е познато дека во раните денови како монах, Лутер бил совладан од чувства на крајна изопаченост и терор на осудата. Се тврди дека, и покрај тоа што очајно сакал да му угоди на Бог, бил нападнат од гнев и омраза кон Бога, го проколнувал Бог и, за време на молитва, опседнувајќи се со опашот на ѓаволот. Често е кажувано како фрлил мастило на визија од ѓаволот, но помалку публицирано е дека тој, исто така, фрлил мастило на визија од Христос. Можам само да шпекулирам, но можеби насилната реакција на Лутер била затоа што визијата за Христа била сексуална или на некој друг начин грубо навредување на Христос. Големиот реформатор честопати претрпел таква депресија што сакал никогаш да не се родел.

Интересно е тоа што се верува дека сопругата на Лутер, Кејт, страдала од поинакво анксиозно растројство; Генерализирано анксиозно растројство. Не само што оваа состојба често се третира со исти лекови што се користат за лекување на ОКН, исто така може да биде духовно збунувачка. Мојот драг пријател беше измачуван од мистериозни чувства на вина и се чувствуваше отсечен од Бог. Тој страдаше од сериозна болест која предизвикуваше голема физичка болка, но сепак открил дека оваа болка е многу полоша од физичката болка. Макотрпноста опстојуваше со години и покрај тоа што имаше солидно библиско разбирање за спасението, силна посветеност на Бога и честопати силно користен од Бог. Конечно, открил дека ГАД предизвикува нешто што речиси се чинело дека се духовни симптоми. Јас нема да ја продолжам оваа тема овде,но имајте на ум како уште една можна причина за чувство за вина и/или отуѓеност од Бог.

Други можни причини за постојаните чувства на вина вклучуваат голема депресија, биполарно растројство, па дури и шизофренија или други измамувачки нарушувања. Ако нема очигледно психолошко нарушување, друга можност што треба да се испита е некој грев за кој е се има свесност, или можеби минати гревови што се премногу вознемирувачки за да се размислува за нив или можеби дури и свесно да се сетат, но не се исповедани пред Бога и не се покајани. Постои широк спектар на ментални маки, во кои луѓето се сосема нормални, освен за една мала област на животот во која нивниот ум продолжува да ги лаже. Земете ги фобиите и загриженостите како пример. Повеќето од нас имаат едно нешто - можеби височини или безопасни пајаци или јавно говорење - над кои нашиот ум, против сета логика, нè преплавува со страв или анксиозност. Анорексични девојки чиешто размислување погрешно им кажува дека се дебели е уште еден пример. Хипохондриците се луѓе со здрави тела чиј ум постојано инсистира на тоа дека тие имаат болест. Потоа, постојат луѓе кои се соочуваат со смешно ниска самодоверба.

Би можеле да продолжиме и да набројуваме примери додека не бидат вклучени скоро сите на планетата. Речиси сите од нас имаат една област од животот во која нашиот ум постојано е во неред, вклучувајќи аларми кога нема потреба за загриженост. Скрупулозноста или верски ОКН, е само уште еден пример.

загрижени

Ако страдате од скрупулозност, тажната, фрустрирачка работа е тоа што вашите искрени,од срце напори имаат спротивен ефект на она што го сакате. Колку повеќе се фокусирате на вашиот грев, толку помалку поминувате време за да се фокусирате на Божјата љубов и благодат; колку потешко се обидувате да престанете да размислувате за нешто, или колку повеќе ве алармира или одбива, толку повеќе ќе мислите на тоа. Тоа е како жица за откривање на најмала промена во пот, дишење, крвен притисок и пулс. Сè е во ред сé додека не се зголеми влогот држејќи им пиштол на главите и заканувајќи се да бидат убиени ако покажат најмал телесен знак на нервоза. Колку што им е поважно нивните срца да чукаат побавно,толку повеќе е неизбежно токму тоа да се случи.

Исто како и зголемената брзина на срцето, несаканите мисли не се морално или духовно прашање, туку неконтролирана психолошка реакција на анксиозност. Несаканите мисли не се грев. Морално, секоја мисла за која жалиме е во сосема поинаков свет од намерно одгледувани мисли кои доаѓаат од срце што навистина го мрази Бога. Всушност, опсесивно компулсивното растројство се закачува на она што е најскапоцено за нас. Честа форма на ОКН, на пример, вклучува опседнатост со мисли за насилно повредување на најблиските. Ова е за очекување затоа што, со ОКН, самата причина поради која мислите се враќаат е затоа што мислите ја ужаснуваат личноста. Оваа вознемирувачка болест го открива срцето на луѓето со тоа што покажува колку се плашат. Со ОКН, повторените мисли не откриваат што сака некој, туку што некој најмалку сака.

Бог на бесконечното разбирање и сочувство го знае ова. Семоќниот гледа на опсесивните богохулни мисли низ очите на љубовта и не само што не го гледа ова однесување како грев, туку го гледа како доказ за срце кое е загрижено да го почитува.

Освен тоа, дури и ако постојано и намерно сте ги извршувале и најбруталните и најодвратните гревови што може да се замислат, тоа не може да ве оддалечи од Бога, ако го сакате. Како што е библиски објаснето на друго место на оваа страница, Божјото Слово е убедливо дека ниту еден грев не е над простувачката сила на Христовата жртва, доколку сторителот сака Божјо простување и му верува на Исус за тоа. Да, дури и најпознатите грди, грешни, одвратни мисли за светите работи, проколнувајќи го Светиот Дух и продавајќи ја својата душа на ѓаволот по целосно доживување на спасението, е целосно простен во моментот кога некој се кае и му верува на Исус за простување.

Студиите, како што е психологот Стенли Рахман, откриле дека нормалните луѓе од време на време признаваат дека имаат шокантно бизарни, изопачени, садистички или богохулни импулси. Тоа е неизбежен дел од тоа да се биде човек.

Речиси никогаш, дали сатаната или некој од неговите демони го употребуваат својот глас за да го искушаат никого. Неговиот временски докажан метод е да се искушува со тоа што ни зборува во нашите мисли. Бидејќи Исус бил "искушуван во секој поглед, исто како што сме" (Евреите 4:15), безгрешниот Син Божји, исто така, понекогаш морал да доживее таков тип на искушение што доаѓа во форма на несакани мисли и нагони. Како што објаснив на друго место, искушението е духовно силување. И ние знаеме дека Исус бил искушуван да му се “поклони и да го обожава Сатаната” (Матеј 4:9). (Дали ќе паничите ако таа мисла дојде до вас или како слика светне во вашиот ум дека го обожавате сатаната? Дали погрешно мислите дека е нешто духовно погрешно со вас?) И да не претпоставуваме дека Исус бил искушуван само во пустината. Кога конечно завршиле четириесетте дена, или како што вели Лука4:13 ѓаволот го “напуштил на некое време” или како што наведува (НИВ)ѓаволот го “напуштил до некое прикладно време”. Така според писмото, се смета дека и Исус бил напаѓан од богохулни мисли и појави, а сепак “бил без грев”.

Просечните христијани имаат повремено богохулни мисли или духовно одвратни слики што минуваат низ нивните умови. Тие го отфрлаат тоа како глупост и се толку безгрижни што брзо забораваат дека се случило некогаш. Ако, сепак, се успее да бидат измамени и да претпостават дека таквата мисла може да ги осуди во пеколот, самиот терор ќе го направи неизбежното поради што тие не би можеле да престанат да размислуваат за тоа. Мислата ќе продолжи да се враќа одново и одново, не затоа што овие луѓе се грешни, туку само затоа што се претерано вознемирени да не размислуваат за такви мисли. Опсесивно компулсивното растројство, се сеќавате, е анксиозно растројство.

Фобиите се уште еден вид на анксиозно растројство. ОКН е сличен по тоа што двата проблеми вклучуваат претеран страв од нешто што веројатно нема да докаже вистинска причина за сериозна загриженост. И стравот не мора да е точен барометар на верата на личноста. Постојат начини, меѓутоа, во кои ОКН е уште повеќе вознемирувачки отколку фобиите. Еден е дека просечниот човек може полесно да се идентификува, да сочувствува и да ги толерира луѓето кои имаат фобии. Дури и ако некој не се плаши од пајаци, на пример, обично може да се стави во чевлите на оние што се плашат. Меѓутоа, со ОКН, стравот е од сопствените мисли. На просечен човек може му биде потешко за разбирање. Луѓето со ОКН може да покажат однесување кое ги фрустрира другите луѓе, а оние блиски до нив можеби ќе треба да се потсетат дека тие што страдаат од ОКН се справуваат со тоа најдобро што можат. Најчесто, луѓето со фобии можат да го избегнат она од што се плашат, иако избегнувањето може да биде незгодно. Меѓутоа, кога стравот се свои сопствени мисли, нема каде да се кријат и може да нападне во секое време. (Source)

scrupulosity

За да се обидам да ги уверам христијаните со скрупулозност, јас го достигнав врвот во изработката на огромен број веб-страници за сигурноста во Божјото простување, почнувајќи од Ултимативниот лек за вината Но, исто како што тврдењето дека рацете на некој се чисти, не ги запира компилсивните мијачи на раце од миење на рацете десетици пати на ден, па рационалните, библиски аргументи не го спречуваат христијанинот со верски ОКН да продолжи да се чувствува вознемирен за неговото спасение и продолжување на желбата за уште повеќе уверување. Освен тоа, убедливите аргументи можат само да докажат дека некои мисли се неточни, но тие никогаш не можат да ги запрат овие мисли од зуење околу во нашите мозоци како досадни муви.

Барањето на сигурност на Интернет е особено опасно, бидејќи во сајбер-просторот демнат многу волци во овча облека и "сезнајковци" кои не знаат ништо за ОКН. Ако мора да проверите, ве молам, ограничете се на вашиот пастир, или на луѓето што ги тој ги препорачува, и моето исцрпно истражување базирано на Библијата на темата. Но, знајте дека сомневањата ќе останат, бидејќи тоа е природата на болеста и немилосрдната природа на Искушувачот. Спасението е со вера - со избирање да не верувате во сопствените сомнежи и чувства на вина и ставајќи ја својата вера единствено во фактот дека Христос умре за гревовите на целиот свет, кој мора да го вклучи секој грев што некогаш може да го направите.

Ниеден дел од нас - нашата совест не е - непогрешлив. Библијата инсистира дека простените христијани можат да имаат срца (совест) која ги осудува, но тоа не ја менува духовната реалност дека непогрешливиот судија што гледа се ги гледа како простени.

    1 Јован 3:19-20 Ова е начинот на кој ние . . . нашите срца се одмораат во негово присуство секогаш кога нашите срца нè осудуваат. Зашто Бог е поголем од нашите срца . . .

Спасението на верата е во изборот да го возвишиш Христос над сопствената совест. Верата вклучува тврдоглаво и непоколебливо верување во неограничената моќ на Христовата жртва да прости, дури и пред немилосрдно обвинувачката совест. Ова е духовна војна на највисоко ниво, а оние кои се држат до Христа, одбивајќи да веруваат во нивната погрешна совест, ја освојуваат највисоката пофалба на небото.

Силниот човек Самсон на крајот беше поразен од страна на Делила, физички многу послаба жена. Еве како се случи:

    Судии 16:16 Со толку зајадливи приговори што му ги подметнуваше секој ден додека не го изнемошти до до смрт.

Таа го направи тоа со користење на истиот стар метод ден по ден. Тоа е една од омилените тактики на ѓаволот. Бидете попаметни од Самсон. Продолжете да се борите против својата совест, без оглед колку е напорно.

Да веруваме во спасувачката моќ на Христовата жртва, а сепак да се соочуваме со вина која обвинува, е како да имаме несреќа да живееме во куќа со расипан аларм за пожар кој се вклучува на секои неколку минути. Тоа би било најнепријатно, но ако сериозно го сфатите алармот и се плашите дека ќе изгорите секој пат кога алармот ќе засвири, непотребно ќе ја претвори непријатната ситуација во чисто измачување.

scrupulosity

Додека ја подготвував оваа веб-страница, добив е-пошта од средовечен човек. Таа ја илустрира цврстата вера што можеме да ја имаме во моќта на Христовото спасение и покрај бројните предизвикувачки прашања во нашите животи.

    Во текот на мојот живот бев хоспитализиран 23 пати за ментална болест. Јас сум христијанин помалку од една година. После спасението, имав уште една психотична пауза и завршив во болница во траење од два месеци. По излегувањето имав вознемирувачки мисли за сексуална природа кон Бога и работи кои ме потсетуваат овие мисли. Многу ме вознемируваат некои работи што минуваат низ мојот ум - вознемирувачки, нечисти, лоши нерелигиозни мисли итн.

    Навистина не ми се допаѓа каков сум. Би можел да да извлечам многу сеќавања кои придонесуваат за ова. На пример, кога имав 15 години, се нафрлив на девојка. Луѓето можеа да нѐ видат. Исклучително е тешко за мене да го нарекуваат силување, но сепак беше блиску тоа. Сега имам перверзни мисли за кои комлексно размислувам. Дури се случува и во црквата и ја oдзема радоста од Богослужбата. Кога пееме пофалба, мислам на ѓаволот и мислам дека го фалам него, а не Бог.

    Се чувствувам како да се убивам речиси секој ден. Јас сум воинствен кон Бога. Толку сум преокупиран со моите проблеми што ми отежнува да размислувам за врска со една жена, затоа што се за што размислувам се моите проблеми.

    Се сетив кога го слушнав стихот на Јован 3:16 за прв пат и помислив: "Бог ме сака? Па што? "Но, почнувам да сфаќам дека најважната реалност во животот е Божјата неверојатна љубов. Навистина знаејќи длабоко во себе колку навистина сум сакан и вреднуван, прави голема разлика. Јас ќе продолжам да ги читам вашите веб-страници за Божјата љубов кон мене, бидејќи сржта на мојот проблем е мислењето дека не заслужувам да бидам сакан. Зошто некој би ме сакал после сите гревови што ги направив? Понекогаш се чувствувам безвредно.

    Денес се чувствував како личност со ментална болест. Отидов во мојата програма за ментално здравје за некоја хортикултурна терапија и навистина се почувствував неспособен. Морав да се вратам во мојот стан за да се смирам. Се чувствувам како да го изневерувам Бог. Кога лежам буден во кревет со часови, се чувствувам виновен и почнувам да мислам како ќе завршам во пеколот, бидејќи не го правам она што Бог сака од мене.

    Библискиот стих што ми дојде вчера беше ако уживам во Господ тој ќе ми ги исполни желбите на моето срце. Јас веднаш ја отфрлив мислата и почнав да размислувам за Сатаната и да имам компулсивни мисли, но успеав да се извлечам од тоа. Само верувајќи дека Исус живее во моето срце и никогаш нема да ме остави, ми го враќа фокусот.

Каков извонреден пример на верата! Како мора да е на него горд Бог и целото небо! Големата вера не е за моментални промени во околностите, туку за одржување на чиста вера. Запомни како Писмото постојано го возвишува Авраам како модел за углед на верата, бидејќи од година во година постојано верувал дека Бог ќе му подари дете, и покрај тоа што нема промени во неговите околности, освен зголемување на возраста што изгледаше дека ситуацијата станува сè безнадежна.

Библијата открива дека не само спасение, туку и се што е во христијанскиот живот - моќта на љубовта, молитвата, победата над искушението, мудроста, духовните дарови, разбирањето на Светото Писмо и така натаму - е Божјиот незаслужен дар кој станува наш преку вера. Бидејќи преку вера ние ги добиваме сите овие непроценливи подароци, верата е без сомнение најскапоцената работа во универзумот. Исто како што нашите физички тела стануваат посилни со тоа што постојано се вежбаат во издржливоста, така е и со растењето во верата. Скрупулозноста ја турка верата до граница. Правејќи го тоа, може да произведе духовни гиганти. Значи, ако Лутер и Буњан и други извонредни Божји луѓе имале религиозно опсесивно компулсивно нарушување, тоа не е изненадување за мене.

Огромните силни сомневања, осуда на совеста и чувство на непростливост не се ништо друго освен искушенија за да престанете да верувате во моќта на Исусовата жртва да го прости секој грев . Искушенијата се како мозолчиња кои се појавуваат ви тинејџерските години. Да, дури и безгрешниот Божји Син беше искушуван. Ние можеме да го спречиме искушението да не влегуваме во нашите умови колку што можеме да го спречиме ѓаволот да постои, но колку и да сме мачени со чувства на вина и колку анти-божествени мисли ги поплавуваат нашите умови, можеме да се сопреме себе од тоа да дозволиме да бидеме измамени од помислата дека нашиот Спасителот не може, или нема, да го спаси секој - без исклучоци - кој сака негово спасение.

Мајка ми има фобија од птици. Интелектуално, таа знае дека влезот во кафезот за птици ќе биде безбеден, но помислата за тоа ќе ја исплаши. Ова нема никаква врска со нејзината интелигенција; тоа е психолошка состојба. Исто така, може да знаете дека ви се простува затоа што ја положивте својата вера во моќта на простувањето на Христос, но сепак може да бидете подложени на чувства на лажна вина, стравови и несакани мисли. Ова нема никаква врска со вашето спасение; тоа е психолошка состојба.

Што е следно?
Ова е многу читање, но треба многу повеќе за да добиете еднаква поддршка и информации преку квалификувано советување што ќе ве чини илјадници долари. Со читање, вие заштедувате толку многу пари што можеби ќе ви помогнат да се мотивирате да ги прочитате сите, замислувајќи ме како ви плаќам илјадници само за да ги прочитате овие веб-страници. Сепак, вашата агонија треба да ве поттикнува. Земете пауза доколку е потребно, но нема краток пат. Веднаш штом ќе бидете во можност, сосема е во ваш интерес да се вратите на оваа веб-страница и да продолжите со читањето. Не заборавајте да ја снимите веб-адресата на овие страници, за да можете повторно да ја пронајдете.

Još Македонски hrišćanskih stranica od istog autora

Витална помош

Да не се продава. © Copyright, 2007, 2012, 2013, 2019 Grantley Morris. Да не се копира во целост или делумно, без да се наведува целиот став. Многу повеќе сочувствителни, инспиративни, понекогаш смешни дела од Grantley Morris бесплатно на следната интернет-страница www.net-burst.net Слободно сте примиле, слободно дајте.

More in English


Would you like to write to the author?

[E-mail] Click the icon, or E-mail by the method of your choice: guilt@net-burst.net

The Beginning The only way to not miss any of this feast of uplifting webpages about false guilt is to start at Feeling Condemned? There’s Hope! and follow each link. You won’t regret it!

Feeling Rejected by God An important part of this series of webpages

Testimonies They thought they were unforgivable

Scriptures Some of the vast number of Scriptures proving that you can be forgiven

Becoming a Winner Breaking addictions and besetting sins

Demons The beginning of a series of webpages

Index to Entire Site A treasure trove of stimulating, compassionate, often humorous, webpages for Christians by the same author on a vast number of topics. This website is enormous!

[Much More!] [E-Mail Me]
[Bless & Be Blessed by Facebook] [Daily Quotes] [My Shame]